Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, имаше интересна изјава за неговиот менаџер, Оле Гунар Солскјер.
31-годишниот играч од средниот ред нагласи дека норвешкиот тренер сега е многу подобар отколку пред пред една година кога седна на клупата на „црвените ѓаволи“.
„Секако дека се развива. Станува се подобар и подобар Тој е многу подобар менаџер од пред една година, сега ги познава сите играчи и знае што треба да прави пред секој натпревар“ – потенцираше српскиот интернационалец.