Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, вели дека тренерот на тимот Жозе Мурињо не чувствува притисок иако добива критики од сите страни поради слабиот старт на сезоната.
„Црвените ѓаволи“ започнаа разочарувачки во новата сезона во Англија а нивниот тренер е постојано критикуван за неговата формација и тактика на теренот која главно носи дефанзивен фудбал.
„Жозе Мурињо не чувствува притисок. Токму поради тоа е во Јунајтед. Знаевме дека Барнли може да ни создаде проблеми со долги топки и поради тоа тој го стави Фелаини пред централните дефанзивци. Покажавме дека можеме да играме добар фудбал и да се бориме за титулата” – изјави Матиќ.