Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ одлучи да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето. 33-годишниот Србин има договор со „црвените ѓаволи“ до 2023 година, но денеска и официјално на социјалните мрежи објави дека одлучил да се раздели со клубот по завршувањето на оваа сезона.
„По долго размислување, решив дека оваа сезона ќе биде моја последна во Манчестер Јунајтед. Ги информирав моите шефови, менаџерот и соиграчите. За мене беше голема чест и привилегија да играм за овој голем клуб. Им благодарам на навивачите за нивната континуирана поддршка. Ќе дадам се од себе до крајот на сезоната да им помогнам на соиграчите и да ја завршиме сезоната колку што е можно подобро“, изјави Матиќ.
Немања Матиќ беше доведен на „Олд Трафорд“ од Челзи во 2017 година. За „црвените ѓаволи“ има 183 натпревари и 4 гола. Многу е веројатно дека клупските газди ќе го пуштат како слободен играч.