Српскиот фудбалски интернационалец во редовите на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, кој неодамна јавно потенцираше дека не е задоволен бидејќи ја грее клупата и не добива шанса на теренот, сега упати порака до тренерот, Оле Гунар Солскјер.
„Ако не освоиме ништо, тој ќе мора да ја понесе одговорноста бидејќи го формира тимот и одлучува кој ќе игра. Сега сум на клупата, но, му реков на тренерот дека не сум задоволен“ – изјави Матиќ .
По четири кола во новата сезона во Премиер лигата фудбалерите на Манчестер Јунајтед се наоѓаат на осмото место на табелата.