Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, ги советува челниците на англискиот тим да купат искусни играчи во текот на летото. Според интернационалецот од Србија, неговиот тим мора да обезбеди квалитетни фудбалери за да биде конкурентен за титулата како во Премиер конкуренцијата така и во Лигата на шампионите.
„Ако успееме да обезбедиме квалитетни засилувања ќе можеме да се бориме за освојување на пехари“ – потенцираше играчот на „црвените ѓаволи“ кој во 2017 година беше купен од Челзи за 40 милиони евра.
„Манчестер Сити во сезонава се покажа многу посилен од нас, но, најзначајно е што успеавме да влеземе во Лигата на Шампионите“ – потенцираше Матиќ.