Фудбалскиот репрезентативец на Србија, Немања Матиќ, се наоѓа пред излезната врата од „Олд Трафорд“, наведуваат денеска британските медиуми.
Според нив, искусниот играч иако ја санираше повредата и успеа се врати на теренот, нема желба да остане кај „црвените ѓаволи“ бидејќи ја нема довербата на тренерот, Оле Гунар Солскјер. Тоа се виде и на претходниот меч со Евертон во Премиер лигата кога не беше ставен на листата на фудбалери.
Денеска „Дејли Телеграф“ објави, дека Матиќ во јануари може да потпише за италиајнскиот состав Интер и да им се приклучи на поранешните соиграчи, Алексис Санчез и Ромелу Лукаку