35-годишниот дефанзивец Матс Хумелс најверојатно ќе премине во Реал Сосиедад, пишуваат медиумите во Шпанија.
Фудбалерот моментално е слободен играч откако во јуни му истече договорот со Борусија Дортмунд. Според Кадена Сер, дефанзивецот веќе постигнал начелен договор со клубот.
Хумелс ќе потпише едногодишен договор кој ќе вклучува опција за дополнителни 12 месеци. Се очекува договорот да биде официјализиран во понеделник, што значи дека тој би можел да биде достапен за Реал Сосиедад веќе на следниот натпревар против Алавес во среда.
Матс Хумелс ќе пристигне во тимот како замена за Робин ле Норманд, кој на почетокот на летото му се приклучи на Атлетико Мадрид.

