Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, мораше порано да го заврши натпреварот со Волфсбург, односно не се појави во вториот дел од оваа средба поради повреда. Одбранбениот играч почувствувал болки во Ахиловата тетива и по консултација со докторот одлучил да не го доигра натпреварот.
„Разговарав со тимскиот доктор и тој ми рече дека Матс почувствувал болка во Ахиловата тетива. Сепак се надеваме дека не е ништо сериозно и дека ќе може да биде дел од екипата за натпреварот со Баерн во вторник“, изјави спортскиот директор на Борусија Д., Михаел Цорк.
Борусија Дортмунд исто како и Баерн Минхен има добар настап во продолжението од сезоната, а веќе во вторник за фудбалерите на Лусиен Фавр следува можеби клучниот натпревар во сезоната, на својот стадион го пречекуваат лидерот Баерн Минхен.