Поранешниот дефанзивец на германската репрезентација Матс Хумелс преговара со шпанска Мајорка, објави новинарот Флоријан Платенберг на својата страница на платформата Х.
35-годишниот Германец е слободен играч по заминувањето од Борусија Дортмунд.
На крајот на јули беше блиску до преселба во Болоња, но по лекарските прегледи овој трансфер не се реализираше. За Хумелс летово беа заинтересирани и Баер Леверкузен, Реал Мадрид и Брајтон.
Во сезоната 2023/24, фудбалерот одигра 40 натпревари за Борусија Дортмунд во сите натпреварувања, постигна 4 гола и 1 асистенција.

