Играчот на италијанскиот Јувентус, Блез Матуиди, во интервју за „Газета Дело Спорт“ се насочи кон целите на тимот во тековнава сезона.
Фудбалерот кој со Франција во текот на летото дојде до титулата светски шампион, вели дека ангажманот на Кристијано Роналдо во редовите на „старата дама“, дополнително ќе го подигне квалитетот и ќе ги зголемии апетите во Лигата на шампионите.Според Матуиди, токму искуството што го има Португалецот треба да му помогне на Јуве конечно во ризницата во Торино да го донесе и победничкиот пехар од ЛШ.
„Треба да бидеме насочени кон нашата игра. Кристијано Роналдо е фудбалер кој има освоено пет „златни топки“ и треба да бидеме среќни што е во нашите редови.Тоа е човек кој освоил многу трофеи и во Лигата на шампионите“ – вели Матуиди.