Мејсон Маунт денеска треба да допатува во манчестер и да ги помине лекарските прегледи. Според информациите, тој веќе се договорил со Манчестер Јунајтед за долгорочна соработка која ќе го остави на „Олд Трафорд“ најмалку пет сезони.
Според инсајдерот Фабрицио Романо, 24-годишниот играч од средниот ред ќе потпише договор со „црвените ѓаволи“ до летото 2028 година со можност за продолжување на една година. Манчестер Јунајтед ќе му плати на Челзи 55 милиони фунти, плус 5 милиони фунти како бонуси. Трансферот официјално ќе биде објавен оваа недела.