Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Маунт, сака да остане во клубот и да се наметне кај менаџерот, Ерик тен Хаг, објави новинарот, Фабрицио Романо.
Иако во изминатиот период се појавија информации дека англичаните сакаат да го продадат Маунт, сега ситуацијата драстично се менува. 25-годишниот играч за врска најави дека е фокусиран на настапите за Јунајтед и има намера да го покаже во претстојната сезона.
Маунт во 2023 година за 55 милиони евра го напушти Челзи и се пресели кај „црвените ѓаволи“.

