Маурицио Сари близу до потпишување договор со Рома

0

Поранешниот тренер на Јувентус, Маурицио Сари најверојатно наскоро ќе ја преземе екипата на Рома.

Според „Спорт Медиасет“, Сари е близу до потпишување договор со „волчицата“. Неговиот агент веќе преговарал за условите со клубот. Договорот ќе биде на две години, а платата на Маурицио Сари ќе биде 4 милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси. Останува двете страни само да го потпишат договорот.

Претходно беше соопштено дека за услугите на Сари е заинтересиран Тотенхем, кој го отпушти Жозе Мурињо. Исто така, според извештаите во медиумите, Италијанецот одбил да ја предводи Фиорентина.

Да потсетиме, Сари е без работа од минатото лето, кога беше отпуштен од Јувентус. Пред назначувањето во овој клуб, тој беше тренер на Челзи, Наполи, Емполи и голем број екипи од Италија.

Share.

Leave A Reply