Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Маурицио Сари го сака Зиелински во Лацио
    Фудбал

    Маурицио Сари го сака Зиелински во Лацио

    risteBy riste04/05/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Главниот тренер на Лацио, Маурицио Сари, се обидува да го убеди играчот од средниот ред на Наполи, Пјотр Зиелински да му се приклучи на неговиот тим, објави „CalcioNapoli“.

    Истиот извор вели дека, Сари има намера да го покани својот поранешен играч во Лацио затоа што ќе следува веројатното заминување на играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ од римскиот клуб.

    Зиелиски наводно не сака да го напушти својот сегашен клуб. Фудбалерот има намера да го продолжи договорот со Наполи со подобрени услови.

    Сари веќе соработуваше со Зиелински за време на неговиот престој во наполитанскиот клуб. Полјакот беше еден од клучните играчи во тимот.

    Алтернативните опции на Сари за замена на Милинковиќ-Савиќ се играчите од средниот ред Рубен Лофтус-Чик и Давиде Фратеси. Зиелински оваа сезона има 42 настапи за Наполи во сите натпреварувања и постигна 7 гола и 9 асистенции. Договорот на играчот со Наполи е со важност до крајот на јуни 2024 година. Проценетата цена на полскиот фудбалер според интернет порталот Трансфермаркт е 40 милиони евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.