Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино стана главен тренер на лондонски Челзи. Ова го објави новинарот Мет Лоу на Твитер.
Маурисио Покетино веќе го потпиша својот договор со Челзи, Аргентинецот се договорил со лондончани пред околу две недели, но дури сега го потпиша договорот чиј рок е до јуни 2026. Во неговиот стрчен штаб се Хесус Перез, Тони Хименез, Мигел Д’Агостино и неговиот син Себастиано Покетино.
Официјално, веста за назначувањето на Покетино ќе биде објавена во следните 48 часа, иако тоа не се очекува да се случи денеска. Се шпекулира дека тоа би можело да се случи на 30 мај, точно една година од официјалната потврда на веста дека Тод Боли е новиот сопственик на Челзи.
Инаку, Покетино ќе почне со работа веќе следната недела. Привремениот менаџер Френк Лампард за последен пат ќе ги предводи лондончани на денешниот меч со Њукасл на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон.