Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино е позитивен на коронавирус, пренесува венсикот „АС“. Денес тој направил дополнителен тест за Ковид-19 кој дал позитивен резултат. ПСЖ објави нов случај на коронавирус во нивниот состав пред нивниот натпревар во Суперкупот со Олимпик Марсеј. Колин Дагба, 22, дефанзивец беше позитивен на тестот. Претходно, одбрандбениот играч Керер, беше заразен со коронавирус.
„Менаџерот на ПСЖ, Маурисио Покетино беше позитивен на тестот за Ковид-19 по PCR-тест. Сега ќе биде во изолација и ќе го следи соодветниот медицински совет. Неговите асистенти Хесус Перез и Мигел Д’Агостино ќе ги преземат неговите должности утре на мечот против Анже“ се вели во информацијата објавена од ПСЖ.

Натпреварот за Суперкупот се одигра на стадионот во Ленс и заврши со победа на ПСЖ од 2:1. Ова беше прв трофеј за ПСЖ под водство на Маурисио Покетино, кој го наследи Томас Тухел како тренер на клубот. 48-годишниот тренер потпиша договор до 30 јуни 2022 година со можност за продолжување на една година. Утре,16 јануари ПСЖ ќе игра против Анже во натпревар од Лига 1, но нема да бидат предводени од својот тренер.

