На самиот крај на преодниот рок се случи она што се најавуваше во текот на последниот ден за реализација на трансфери.
ПСЖ сепак се одлучи да го ангажира Мауро Икарди од Интер, а Аргентинецот доаѓа во Париз за да биде уште една опција во нападот заедно со Нејмар, Килијан Мбапе, Едисон Кавани, Чупо Мотинг и Анхел Ди Марија. Интер му го продолжи договорот на Аргентинецот, за потоа да го испрати на позајмица со право за откуп за 65 милиони евра. Икарди беше вишок во Интер,новиот тренер Антонио Конте, и директорот Марота не го сакаа во својот тим, по несогласувањата и одземањето на на капитенската лента.
Икарди не играше во текот на летниот период за Интер, па репрезентативната пауза ќе ја искористи за да се подготви за своето деби на 14 септември против Стразбур во дресот на својот нов клуб.