Полицијата пукаше во маж со секира кој им се закануваше на навивачите на ЕП 2024.
Во Хамбург, каде денес се одигра натпреварот помеѓу Полска и Холандија , маж со секира нападнал навивачи, пишува „Билд“.
Полицијата прво употребила спреј врз него, а потоа употребила и огнено оружје. Полицијата соопшти дека првиот истрел бил предупредувачки.
Потоа биле испукани неколку истрели, по што мажот паднал на земја. Во неговиот ранец нашле молотов коктел. Полицијата верува дека мажот сакал да го запали и фрли во толпата навивачи. Во моментот додека беше објавеа оваа вест се знае дека мажот бил тешко ранет, но жив. Тој е пренесен во болница, објавија медиумите од Хамбург.