Селекторот на фудбалерите на Мароко, Валид Реграи, доби убава вест пред утрешниот меч со Франција на Мундијалот во Катар.
Еден од поискусните дефанзивци, Носаир Мазрауи, ја надмина болеста и ќе му биде на располагање за историскиот меч против „триколорите“.
Десниот бек кој знае да ротира и кон средината во дефанзивната линија досега на Светското првенство одигра 320 минути на 4 натпревари. Мазрауи поради грип мораше да го „скокне“ мечот со Португалија.