Новото засилување на Реал Мадрид, Килијан Мбапе би можел да дебитира за европскиот шампион веќе во среда во финалето на Суперкупот на Европа.
Капитенот на француската репрезентација се најде во групата за натпреварот против италијанска Аталанта, која ја избра селекторот Карло Анчелоти.
Нејасно е дали Мбапе ќе биде како стартер на Реал Мадрид. Тој веднаш по Европското првенство се пресели во Реал Мадрид, но досега нема настап на ниту еден претсезонски тест натпревар на тимот.
Мбапе дури на 7 август започна интензивно да тренира со шпанскиот гигант. Повеќе е веројатно дека напаѓачот ќе остане резерва и ќе влезе на теренот во текот на натпреварот. Во групата на Реал Мадрид влезе и бразилскиот тинејџер Ендрик.

