Килијан Мбапе е суспендиран од првиот тим на ПСЖ откако францускиот голгетер одби да потпише нов договор.
Напаѓачот планира како слободен играч да си замине во 2024 година и затоа не сака да игра на „Паркот на принцовите“.
Во меѓувреме Мбапе одби одлична понуда од Ал Хилал да игра како позајмен за една сезона.