Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе ја добие „Златната копачка“ за голгетер број 1 за прекинатата сезона на Лига 1.
Францускиот шампионат беше суспендиран поради пандемијата на коронавирусот, а ПСЖ стана шампион, откако водеше со голема предност. Во случајот Мбапе, сепак, донесена е одлука врз основа на други индикатори. На крајот на првенството тој имаше 18 голови, колку што постигна Висам Бен-Једер од Монако. Сепак, напаѓачот на Монако имаше три гола од пенал, додека Мбапе ги постигна само од игра и затоа беше избран за најдобар стрелец на сезоната.
Наградата е втора во низа за младиот напаѓач, кој минатата сезона победи со 33 гола од 29 одиграни натпревари.