Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е вклучен во составот за натпреварот против Хетафе утре вечер, објави Реал Мадрид. Французинот го напушти кампот на Франција по квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Азербејџан поради повреда на зглобот.
„Неговиот зглоб е во ред, тој ќе биде во групата, затоа може да игра. Сите играчи кои се вратија од националните тимови се добро, освен Дин Хојсен, кој не можеше да тренира ниту вчера ниту денес“, изјави Чаби Алонсо на прес-конференција.
Поранешниот играч од средниот ред особено го пофали Раул Асенсио, кој ги замени повредените Трент и Карвахал на позицијата десен бек во последните натпревари.
„Раул има одлични вештини за предвидување ситуации, има и многу сила, што му помага во поединечна борба. Неговиот настап е дефинитивно позитивен, неговите универзални квалитети го прават доста корисен за тимот – може да игра и во дефанзивна тројка. Има простор за подобрување, но лошото чувство од Светското клупско првенство е зад него“, објасни Алонсо.

