Напаѓачот на Пари Сен Жермен и на Франција, Килијан Мбапе, го сподели мислењето за ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема.
„Тој заслужува се што доживува сега. Карим е одличен фудбалер, остави белег во историјата на Реал и исто така се врати во француската репрезентација со големи чекори. Сите сме среќни што го гледаме назад “ – вели Мбапе за неговиот соиграч од репрезентацијата на „триколорите“.
Бензема кој беше суспендиран од француската селекција на ЕП 2016, чекаше цели 4 години за повторно да го облече дресот на „Галските петли“.