Најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, покажува се поквалитетна игра и постепено ја достигнува својата врвна форма. Француската ѕвезда помина низ период на адаптација по трансферот на „Сантијаго Бернабеу“ изминатото лето, но со текот на времето ја врати познатата ефикасност, со која блесна во Пари Сен Жермен.
Досега има 31 гол во сите натпреварувања, од кои 20 се во Ла Лига, со што е на четвртото место меѓу најдобрите стрелци во дебитантска сезона за мадридскиот гигант.
Со овој адут, Мбапе веќе ја остави зад себе легендата Роналдо Назарио, кој постигна 30 гола во својата прва сезона во Реал Мадрид. Неговата следна цел е да стигне до второто место на ова рангирање, кое во моментов го делат Кристијано Роналдо и Руд ван Нистелрој. Двајцата постигнаа 33 гола во нивните деби сезони во 2009/2010 и 2006/2007 соодветно.
Апсолутниот рекорд сè уште му припаѓа на Иван Заморано, кој во сезоната 1992/1993 постигна 37 гола. На преостанатите натпревари до крајот на сезоната, Мбапе ги има сите шанси да го подобри ова достигнување кое не е надминато цели 32 години.
Необичен детал е тоа што иако сите овие играчи демонстрираа импресивни резултати во првите сезони, во ниту еден од споменатите случаи Реал Мадрид не успеа да триумфира во Лигата на шампионите. Покрај тоа, „кралскиот клуб“ само двапати ја освои титулата во Ла Лига – за време на дебитантските сезони на Роналдо Назарио и Руд ван Нистелрој.

