Напаѓачот, Килијан Мбапе, ќе си замине од ПСЖ и ќе се пресели во Реал Мадрид, објави вечерва весникот – „Марка“ повикувајќи се на извори од шпанскиот клуб.
Тоа значи дека Французите ја прифатиле понудата од 170 милиони евра плус бонуси од 10 милиони и дека брзоногиот голгетер има отворена врата да замине на стадионот – „Сантијаго Бернабе“.
Најскапиот трансфер во историјата на „кралевите“ треба да биде потврден утре.