Напаѓачот на Пари Сен Жермен и воедно на националниот тим на Франција, Килијан Мбапе, пред утрешното финале со Хрватска на Мундијалот во Русија, зборуваше за цената на славата.
„Веќе не можам да бидам обичен човек. Фудбалот е нешто без кое не можам да живеам. На пример да седнете дома и да ви биде досадно или да излезете на прошетка за да јадете сладолед. Со Мундијалот се заврши“ – вели Мбапе.
„Немам време за такви работи затоа што додека се завртам околу мене ќе има 500 лица. Нема да кажам дека е лесно, но, тоа е животот кој го сакав“ – изјави Килијан Мбапе пред „Le Monde“.