Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Мбапе избран за најдобар играч на Реал Мадрид во изминататa сезона
    Фудбал

    Мбапе избран за најдобар играч на Реал Мадрид во изминататa сезона

    risteBy riste28/05/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Реал Мадрид официјално објави дека француската ѕвезда Килијан Мбапе ја доби наградата за најдобар играч за сезоната 2024/2025 по гласањето на навивачите на официјалната веб-страница на Кралскиот клуб.

    Иако Реал Мадрид не освои ниту еден трофеј оваа сезона, со исклучок на Интерконтиненталниот куп во декември и Суперкупот на УЕФА изминатото лето, Мбапе имаше исклучителна индивидуална сезона.

    Капитенот на Франција постигна 43 гола на 56 натпревари во сите натпреварувања, а исто така ја освои и титулата најдобар стрелец во Ла Лига со своите 31 гол и ја освои европската Златна копачка.

    По добивањето на наградата, Мбапе ја изрази својата среќа велејќи: „Благодарен сум на навивачите на Реал Мадрид и на сите што гласаа за мене. Мојата прва сезона во Шпанија беше прекрасно искуство, и лично и професионално. Брзо се адаптирав на тимот и на новата средина и тоа се одрази на моите перформанси на теренот. Многу сум среќен тука“ рече Мбапе.

    Инаку, Мбапе беше номиниран и за играч на сезоната во Ла Лига, заедно со неговите соиграчи од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам, Рафиња, Ламин Јамал, Роберт Левандовски и Педри (сите од Барселона), Иско (Бетис) и Оихан Сансет (Атлетик Билбао).

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.