Во исклучително интересен натпревар од второто коло од групата „Д“, репрезентацијата на Франција ја совлада Данска со 2:1 на Светското првенство во Катар. Со оваа победа, светскиот шампион го потврди своето место во осминафиналето.
Разликата ја направи најдобриот играч на „триколорите“ и најголемата ѕвезда на францускиот фудбал, Килијан Мбапе. Тој ги постигна и двата гола за Франција, додека единствениот голз а Данците беше дело на Кристенсен.
Шансата за минување на групата Данците ќе ја бараат во последното коло од групната фаза во директна пресметка со Австралија.