Фудбалерот, Килијан Мбапе, кој вчера промаши пенал на теренот на Атлетик Билбао, се огласи преку социјалните мрежи.
-Направив голема грешка во натпревар во кој секој детал беше значаен. Ја преземам целата одговорност“ – напиша фудбалерот на Реал Мадрид по поразот на „Сан Мамеш“.
Тоа е втор пат во серија напаѓачот од Франција да не реализира удар од 11 метри со што ја потврди лошата форма.

