Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Мбапе ќе добие бонус од 150 милиони евра за потпис со Реал Мадрид
    Фудбал

    Мбапе ќе добие бонус од 150 милиони евра за потпис со Реал Мадрид

    risteBy riste20/02/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Килијан Мбапе ќе добие бонус за потпис од 150 милиони евра со Реал Мадрид. Ова го откри шпанскиот новинар Балаге за Би-Би-Си.

    Оваа сума ја добива Французинот за пристигнувањето на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч. Истата ќе биде исплатена во рок од пет години колку што ќе трае договорот. Платата на Мбапе ќе биде 15 милиони евра по сезона нето, со што ќе се почитува условот капитенот на Франција да не добива повеќе од другите големи ѕвезди на Реал, Џуд Белингем и Винисиус Жуниор. Мбапе ќе задржи и процент од правата на имиџот, но нема да ги поседува во целост, како што е моментално случајот со Пари Сен Жермен.

    Балаге дури откри дека Мбапе најверојатно ќе игра со број 10 во Реал бидејќи бројот ќе биде слободен по заминувањето на Лука Модриќ на крајот од сезоната. Со истиот број напаѓачот настапува и во француската репрезентација. Вчера „Марка“ објави дека Мбапе пред две недели го потпишал договорот со Реал.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.