Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе нема да го напушти клубот за време на летниот преоден рок, објави шпанскиот „Спорт.ес“.
Според изворот, францускиот напаѓач решил да го заврши договорот со ПСЖ до крај, односно 2022 година кога завршува неговата обврска со клубот.
Претходно беше објавено дека ПСЖ ќе биде принуден да го продаде Килијан Мбапе со цел следното лето да го ангажира напаѓачот на Барселона, Лионел Меси. Главни претенденти за Французинот се Реал Мадрид и Ливерпул.
Во моментов неговата вредност се проценува на 180 милиони евра. Килијан Мбапе ги брани боите на ПСЖ од 2017 година, неговиот претходен клуб беше Монако. Оваа сезона, напаѓачот има одиграно 21 натпревар во француската Лига 1 и на нив постигнал 16 голови и 6 асистенции. Тој исто така има 2 гола и 3 асистенции на 5 натпревари во Лигата на шампионите на УЕФА.