Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, кој има договор до јуни, повторно внесе надеж кај челните луѓе дека може да остане на „Паркот на принцовите“. 23-годишниот фудбалер кој според одредени шпекулации треба да направи трансфер во Реал Мадрид, по мечот со Сент Ентјен имаше неодредена изјава.
„Ќе видиме што ќе се случи. Во моментов пред мене е само Кавани со најмногу голови со тимот на ПСЖ. Шансата да станам најдобар голгетер во историјата на клубот е нешто што не можам да го игнорирам. “ изјави напаѓачот.
Мбапе има 156 гола за ПСЖ и се израмни на второто место со Златан Ибрахимовиќ. Сепак, заостанува 44 гола зад Кавани кој има точно 200 за парижаните.