Килијан Мбапе го извести Маурисио Покетино дека нема намера да го продолжи договорот со ПСЖ, пренесува „Марка“.
Денес францускиот напаѓач се врати во базата на клубот за да ги започне летните подготовки по Евро 2020. Токму по лекарските прегледи, напаѓачот бил повикан на состанок од менаџерот на тимот, каде што го информирал за неговите намери.
Сепак, Мбапе е категоричен дека нема да го предомисли за негово заминување од клубот и е подготвен да помине уште една сезона на „Паркот на принцовите“, бидејќи неговиот договор истекува следното лето.
Главен претендент за потписот на напаѓачот се смета Реал Мадрид, но во следните денови ќе стане јасно дали Реал Мадрид ќе се обидат да го привлечат ова лето или ќе чекаат до следната година.