Недоличното однесување на Килијан Мбапе на саботниот натпревар на ПСЖ против Монпелје го принуди раководството на клубот веднаш да реагира. Според весникот „Ле Паризиен“, синоќа се одржала средба помеѓу фудбалерот, тренерот Томас Тухел и директорот Леонардо.
На неа, тројцата разговарале за тоа што се случи кога напаѓачот беше сменет. Мбапе се налути на одлуката на Тухел да го повлече од игра во 68. минута и почна да се расправа со него пред сите. Сè уште не е јасно дали клубот ќе му изрече казна на играчот. Ова е најмалку трета ваква реакција на Килијан Мбапе во последните месеци.
https://twitter.com/FutbolBible/status/1223691961493860353?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1223691961493860353&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D826215
Според француските медиуми, тој не е среќен со работата на германскиот тренер, бидејќи верува дека не може да го искористи огромниот потенцијал на тимот. Логично на ова во Шпанија, веднаш се појавија нови шпекулации дека сето ова само ќе го натера ПСЖ да се согласи на продажба на Мбапе во Реал Мадрид.
Сепак, статистиката е во прилог на Мбапе, бидејќи тој има постигнато 22 гола и 13 асистенции на 25 средби одиграни оваа сезона.