Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе, најави дека за неколку дена ќе објави каде ќе ја продолжи кариерата.
„Сè има свое време. Набрзо ќе го објавам мојот следен клуб. Остануваат само уште неколку дена, така што нема проблем“ – вели Французинот.
Во изминатите месеци континуирано се објавуваше дека брзоногиот играч има договор со Реал Мадрид и дека само се чека крајот на сезоната за тој да замине на Пиринеите.