Фудбалерот, Килијан Мбапе, наскоро би можел да добие огромен бонус за лојалност кон ПСЖ. Според „RMC Sport“, францускиот клуб ќе треба да плати дел од бонусот доколку тој остане на крајот на јули.
Висината на првиот дел изнесува 40 милиони евра. Веројатно исплатата на бонусот е поврзана со времето што претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи, го нагласи во последната изјава за иднината на Мбапе.
Вчера тој рече дека Килијан „треба да донесе одлука најмалку две недели однапред“.