Младиот фудбалер на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој треба да ја одработи последната година од договорот, сака да си замине од клубот бидејќи не верува дека „светците“ може да ја освојат Лигата на шампионите.
Иако французите во текот на летово го засилија ѕвездениот состави со голманот, Џанлуиџи Донарума и искусниот стопер, Серхио Рамос, весникот- „Л’Екип“ наведува дека Мбапе е категоричен во одлуката дека сака да ги напушти.
Според одредени шпекулации, репрезентативецот на „триколорите“ има намера да замине во Реал Мадрид.