Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе одбил уште една понуда за продолжување на договорот со францускиот клуб, објави „Марка“.
Според изворот, последната понуда на ПСЖ не вклучувала зголемување на платата. Парижаните со иста плата му понудиле на Мбапе двегодишен договор. Покрај тоа, предложениот договор предвидува можност да се напушти ПСЖ по своја волја во секое време по Светското првенство во 2022 година.
Претходно беше објавено дека 23-годишниот Мбапе, чиј договор со францускиот тим истекува на крајот од сезоната, на лето ќе потпише договор со Реал Мадрид со слободен трансфер. Во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите, Мбапе го постигна единствениот гол против Реал Мадрид (1:0) на стадионот „Парк де Пренс“. Сезонава Мбапе на 33 натпревари во сите натпреварувања постигна 22 гола и 16 асистенции.