Килијан Мбапе кој ја доби наградата за најдобар млад фудбалер на Мундијалот во Русија, потецира дека нема намера да си замине од редовите на ПСЖ.
19-годишниот напаѓач кој беше трансферна цел на Реал Мадрид, јасно стави до знаење дека сака да остане на „Паркот на принцовите“.
„Кариерата ќе ја продолжам во ПСЖ бидејќи Париз е вистинското место за мене“ – потенцира брзоногиот напаѓач. Мбапе откако направи трансфер од Монако во ПСЖ, успеа да постигне 21 гол во сите конкуренции.