Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе нема да го напушти клубот во текот на летниот преоден рок, објави весникот „Марка“.
Претходно беше објавено дека Реал Мадрид ќе плати импресивен бонус за напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, доколку играчот се пресели бесплатно во клубот во 2022 година. Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ важи до 30 јуни 2022 година. Мбапе игра за ПСЖ од 2017 година, а претходно ги бранеше боите на Монако. Во последната сезона на француското првенство, напаѓачот учествуваше на 31 натпревар, постигна 27 гола и седум асистенции.
Да потсетиме, сезоната 2020/2021 во францускиот шампионат заврши со освојување на титулата на Лил, пред ПСЖ, а пред некој ден Лил го освои Суперкупот на Франција откако славеше над ПСЖ со 1:0.