Килијан Мбапе, конечно, излезе во јавноста со коментар за својата иднина. Тој навести дека ова ќе биде негова последна сезона во француската лига, бидејќи има намера да го одработи договорот со ПСЖ до 2024 година, а потоа да си земине како слободен играч. Сепак, парижани остануваат на ставот дека доколку Мбапе не потпише нов договор, ќе биде продаден ова лето.
„Кои се причините да верувам дека ова е мојата последна сезона во Лига 1? Едноставно е, јас сум конкурентен и кога играм тоа е за победа. Не е важно каде играм и со кој тим. Никогаш не се смирувам. Сакам да ја освојам Лигата на шампионите. Никогаш нема да бидам задоволен“, изјавил Мбапе при посетата на Камерун.
„Не знам што му треба на ПСЖ за да ја освои Лигата на шампионите. Ова не е прашање за мене. Правиме што можеме. Прашајте ги луѓето кои го изградија тимот и овој клуб“, додаде француската ѕвезда.

