Фудбалерот на ПСЖ Килиан Мбапе е задоволен од напредокот на тимот. Тој истакна дека нерешените 1:1 со Наполи во натпреварот од 4-то коло од групната фаза на Лигата на Шампионите е прифатлив резултат.
„Ние ја подобруваме играта во Лигата на шампионите, како се движиме понатаму , така играме се подобро. Тоа е добро. Подобро е така отколку да ги добиваме натпреварите со 7:0 или 8:0, како минатата година.
Ние се уште сме во битка за пласман понатаму. Судењето е дел од играта, можеби судијата згреши, но мора да продолжиме. Не верувам дека такви работи ќе се случуваат секогаш“ изјави Мбапе за весникот „Л‘Екип“.