Фудбалерите на Реал (М) вечерва го пречекуваат Монако во меч од 7. коло во Лигата на шампионите. Најдобриот фудбалер на „кралевите“, Килијан Мбапе за очекувањата од денешниот дуел вели:
„Монако не е во најдобра форма во моментов, но секогаш знаат како да го одржат своето ниво. Мислам дека треба да бидеме агресивни и да покажеме дека ова е наш ден. Сакаме да победиме за да обезбедиме место меѓу првите осум. Ова е важен натпревар против противник од високо ниво. Фактот дека натпреварот од Лигата на шампионите се игра на „Сантијаго Бернабеу“ ни дава предност“, изјави Мбапе.
Моментално, „Лос Бланкос“ имаат 12 бода и се седми на табелата во Лигата на шампионите. Монако, со девет бода, е 19-ти.

