Продолжуваат шпекулациите за иднината на фудбалерот, Килијан Мбапе. Французите објавија дека луѓето од ПСЖ го загубиле трпението и дека ќе се обидат да се ослободат од брзоногиот играч.
Речиси сите медиуми најавуваат дека Мбапе има договор со Реал Мадрид и дека во наредното лето како слободен агент ќе се пресели на стадионот – „Сантијаго Бернабе“.
Затоа ПСЖ ќе направи сѐ што може за да го продаде репрезентативецот на „галските петли“ до крајот на летниот трансфер период.