Фудбалскиот клуб ПСЖ го сокри промотивно видео од официјалниот клупски канал на Јутјуб во кое ги повикува навивачите да ја обноват својата претплата за следната сезона, по критиките од напаѓачот на тимот, Килијан Мбапе.
Да потсетиме, по објавувањето на видеото, Килијан Мбапе објави на социјалните мрежи свој став, каде ги критикуваше постапките на клубот, поради што францускиот напаѓач стана централна фигура на видеото.
„Никој не ме извести за целта на мојот разговор со соговорникот. Тоа беше како типично клупско интервју. Не се согласувам со објавувањето на ова видео. Затоа се борам за правата на мојот индивидуален имиџ. ПСЖ е голем клуб и големо семејство, но ова не е Килијан Сен Жермен“, реагираше Мбапе.