Младата фудбалска ѕвезда во редовите на ПСЖ, Килијан Мбапе, откри зошто сакал да го напушти францускиот состав.
„Побарав да заминам бидејќи сакав клубот да има трансфер обештетување со кое ќе може да донесе квалитетна замена. Не е точно дека сум одбил неколку понуди за нов договор“ – вели репрезентативецот на „Галските петли“.
„Клубот многу ми даде. Тука сум четири години. Тоа го почитував и затоа реков: „ако не сакате да си заминам, ќе останам“ – потенцираше Мбапе.