Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, е отпуштен од болница откако доби гастроентеритис за време на Светското клупско првенство.
„Килијан Мбапе беше отпуштен од болница попладнево и се врати во тренинг базата на Реал Мадрид. Мбапе ќе продолжи со специфичен медицински третман и постепено ќе се враќа на целосна активност“, се вели во соопштението на клубот.
Францускиот напаѓач Мбапе го пропушти првиот натпревар на Реал Мадрид на Светското клупско првенство против Ал Хилал, кој заврши 1-1 во среда. Тренерот Чаби Алонсо наговести дека Мбапе е под знак прашалник за следниот натпревар на Реал, против мексиканскиот тим Пачука во недела во Шарлот.

