Килијан Мбапе сака да покаже дека е непроценлив за ПСЖ. Напаѓачот беше на клупата за резервни играчи на натпреварот во Лигата на шампионите против Бриж, но влезе во второто полувреме, постигна хет трик и неговиот тим победи со убедливи 5:0 во Белгија.

„Вистината е, сакав да бидам во стартниот состав и мислев дека ќе започнам од почеток. Сепак, тренерот донесе друга одлука и морав да ја прифатам, па подоцна се обидов да покажам дека е тешко без мене. Сакам да се борам за титулата и да му помогнам на мојот тим. Фудбалот е моја страст. Не играв веќе два месеци и воопшто не ми се допадна тоа, но медицинскиот тим се погрижи за мене и им се заблагодарувам. Сакам да го започнам секој натпревар и да постигнувам голови, но пред тоа морам да бидам 100 проценти подготвен“, изјави Мбапе по мечот со Бриж.
Ова може да се виде од неговиот досегашен учинок во дресот на ПСЖ, има постигнато 66 гола и 35 асистенции, односно е директно инволвиран во головите на ПСЖ на секој 73 минути.

