Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе сака да се пресели во Реал Мадрид.
Според „Le Parisien“, францускиот напаѓач летово има намера да се пресели само во мадридскиот клуб. Забележано е дека заминувањето на напаѓачот Карим Бензема во саудискиот Ал-Итихад имаше силно влијание врз ситуацијата околу Мбапе.
Претходно се дозна дека Мбапе не ја активирал опцијата за автоматско продолжување на договорот со ПСЖ за сезоната 2024/2025, што би му овозможува на францускиот напаѓач да стане слободен играч во јуни 2024 година. Мбапе се пресели во ПСЖ во 2018 година.
Французинот оваа сезона забележа 43 настапи во сите натпреварувања, постигна 41 гол и 10 асистенции. 24-годишниот фудбалер стана најдобар стрелец на ПСЖ во историјата на клубот.

